Петар Печков
Објавено: среда, 15 април 2015
Од почетокот на минатиот месец ЈКП Дервен преку РЕ Комунална хигиена нуди нова услуга на велешани. Тоа е собирање на електронски отпад, телевизори, компјутери, монитори, мобилни телефони. Ова е законска обврска на локална власт која тие ја регулираат заедно со велешките комуналци.
ЈКП Дервен, во договор со Општина Велес врши собирање на електронски отпад по барање на физички и правни лица, и истиот го складира на одредена локација на градската депонија. Кога ќе се собере доволна количина на овој отпад, се повикува овластен собирач на електронски отпад , кој има веќе склучено договор со Општина Велес, за да го подигне отпадот - велат од ЈКП Дервен.
Оваа услуга е бесплатна а започна да функционира од први март. Заинтересираните можат нивниот електронски отпад да го пријават на тел: (043)233-768 во РЕ Комунална хигиена, секој работен ден од понеделник до петок од 07.до 14 часот, и во сабота од 7 до 12. часот.
Tweet |