речник контакт

ЈКП Дервен во првите шест месеци со добивка од 5,6 милиони денари

По финансиски лошата измината година, Дервен финансиски се стабилизира

Петар Печков

Успешната работа и добивката од 5,6 милиони денари се должи на домаќинското и економично работење. Од Дервен се пофалија дека во меѓувреме, овие шест месеци воведуват водомери на далечинско управување, новина во работењето а комплетно се уредува и Градскиот парк со нов изглед. Но и натаму остануват мерките на штедење, платите  на вработените нема да да се вратат за 10-те отсто кои пред една година беа симнати, ниту ќе добијат годишен регрес К-15, втора година по ред.

Имаме цени пониски од другите слични јавни претпријатија во земјава, со приближен бропј жители, кои имаат далеку повеќе вработени - изјави Драган Дамјанов финасов директор на ЈКП Дервен.

За опозицијата во локалниот Совет добрите резултати за оваа половина година се поради високие цени пред се на гробните услуги. Таа реагираше и на партиските вработувања,  кога во ЈКП Дервен на почетокт од годинава биле примени 30-тина лица сите од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ.
 Податоците  на ЈКП Дервен во првите шест месеци од 2011  произведени се 1.853.450 м3 вода за пиење a фактурирано е 1.202.889 м3 вода од кои за претпријатија и установи 227.221 м3 , а за домаќинства 975.668 м3 вода. Наменски потрошената вода изнесува 313.826 м3 , а загубата на вода изнесува 336.735 м3.

Во изминатото полугодие извршени се вкупно 216 погреби, од кои во гробиштата на црквата Св.Пантелејмон 56 погреби, во гробиштата на црквата Св.Спас 109 погреби, и на градски гробишта - Раштани 51 погреби.Изградени се 87 нови гробни места, поплочени 768 м2 од патеките помеѓу гробиштата.

Најголем проблем во работата на Р.Е. Пазари се дивите препродавачи, за кои ТРМР три пати пишуваше. Како и во изминатите 4 - 5 години така и во овој извештаен период, најголем проблем во работењето на работната единица претставуваат дивите продавачи околу пазарите кои ги има околу 115 на двата пазари и од ден на ден истите се повеќе и повеќе се зголемуваат. Истите не плаќаат ништо на никого.

Вкупните побарувања на ЈКП „ДЕРВЕН“ заклучно со 30.06.2011 год. изнесуваат 233.259.473,00 денари. Вкупните обврски на претпријатието према добавувачите изнесуваат 14.639.903,00 денарѕи, а обврските према ЕБРД по основ на кредитот за Проектот МЕАП изнесуваат 80.482.518,00 ден. кои треба да се враќаат во наредните четирипол години.
во овој период извршена е отплата на 1 ануитет за враќање на кредит од ЕБРД во износ од 10 милиони денари. 

Во досегашниот период ЈКП „Дервен“ врати 13 ануитети од кредитот што не е случај со другите 5 града во Република Македонија учесници во Проектот МЕАП и покрај тоа што имаат исти цени на комуналните услуги, што покажува дека и по тој основ ЈКП „Дервен“ домаќински се однесува кон целокупното работење вклучително и плаќањето на обврските кон ЕБРД, исто така направени се припремни активности за враќање на 14 рата од кредитот од  ЕБДР во висина од 10 милиони денари, кои треба да се случи наскоро.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »