речник контакт

ЈКП Дервен воведе електронско плаќање и проверка на сметките

За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават (регистрираат) во системот на www.e-derven.mk.

Петар Печков

Во ЈКП Дервен нуди можност за електронско плаќање и проверка на сметките за неговите  корисници. Оваа новина е воведена од средината на  месецов. 

Корисниците  бесплатно можат да ги користат он-лајн услугите за: детална проверка на сметките за потрошена вода и електронско плаќање на доспеаните сметки за комуналните услуги. За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават (регистрираат) во системот на www.e-derven.mk. 

На овој начин се постигнува: следење на современите трендови за електронско плаќање, заштеда на време на корисниците на услугите на ЈКП ДЕРВЕН – Велес, избегнување на чекање во редица пред шалтерите во банките, пошти, наплатни центри, придонес во унапредување на екологијата. Плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно on-line - изјавија од ЈКП Дервен. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »