Петар Печков
Објавено: петок, 01 април 2011
ЈКП Дервен воведе чуварска служба на градските гробишта. По почетокот на месецот во две смени, секојдневно, гробиштата на црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас се обезбедени, се чува инфраструктурата и придружните објекти. За оваа цел работно се ангажирани осум лица.
Ова доаѓа по реакцијата на граѓаните и повеќето разбојнички напади на посетителите на гробиштата, кои беа физички напаѓани и ограбувани, а спомениците кршени.
Tweet |