Петар Печков
Објавено: недела, 30 август 2009
Само десетина секунди им требаа на советниците на општина Велес едногласно да го изгласаат извештајот за работата на ЈКП Дервен во првите три месеци од 2009-тата.
За петнаесет години од работата на Советот на Општина Велес не се помни дека овој извештај така брзо и едногласно е усвоен, бидејќи претходно на него се расправало со часови. Познавачите на состојбите посочуваат дека причина за ова е што периодот кој е разгледуван е време кога дојде до смена на раководството на претпријатието и тоа премина од СДСМ во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, па тешко советниците можеле да расправаат и фалат или критикуваат, кој е заслужен за сработеното. Така најлесно било без дискусија да се изгласа извештајот, партиите задоволни а граѓаните кои плаќаат најскапа вода во земјава без дополнителни информации.

Tweet |