речник контакт

ЈКП Дервен лани работеше со загуба

Раководството минусот го припишува на економски услови за работење и ниската наплата. Партиите преборјуваа кој колку членови си вработил во Дервен

Петар Печков

За прв пат од своето постоење ЈКП Дервен ја заврши годината со загуба. Лани тие забележаа минус од 4,1 милион денари. Ова е помалку од максималните  7,1 милион колку што  таа беше во средината од годината. Покачувањето на цената на ѓубретарината, гробарината и одржувањето на зеленилото при крајот на годината, придонеса за намалување на негативата.

За да се одржи нормалното работење на претпријатието платите на вработените претходно беа намалени за 10 отсто и за прв пат не беше исплатен годишен регрес К-15. Раководството на претпријатието смета дека работат домаќински, одговорно  а загубата е резултат на тешките економски услови.

ЈКП „Дервен“ е едно од ретките јавни претпријатија во земјава кое нема обврски за репрограмирање и  за плаќање на заостанати обврски, што покажува ликвидно работење на претпријатието во 2010 год. Досега ги вративме 12-те ануитети од кредитот подигната од ЕБРД, што не е случај со другите пет града, учесници во Проектот МЕАП за обнова на водоводната и канализациона мрежа и покрај тоа што имаме исти цени на комуналните услуги. Ова покажува дека домаќински се однесуваме кон целокупното работење, вклучително и плаќањето на обврските кон ЕБРД. Таквата тенденција продолжува и годинава кога во февруари единствено ние успеавме да ја платиме тринаесеттата рата во висина од 10 милиони  денари, што другите учесници во овој проект не успеаја да го направат – велат надлежните од ЈКП Дервен.

Според нив причина за загубата лежи и во трендот на намалување на процентот на наплатата од физичките и за правните лица. Така лани не се наплатени 190 милиони денари а по судски пат се реализирани само 11 милиони, што споредбено со минатите години е најнизок процент на наплата.

Лани се забележени рекордни 20 правни лица и 2477 физички кои не ги платиле сметките. За граѓаните кои се од социјално загрозената категорија на потрошувачи, не се во можност да ги платат сметките, од ЈКП Дервен бараат  од надлежните институции да предвидат овие трошоци да се покриваат од буџетот на Република Македонија, како би можеле тие нормално да живеат.

Од претпријатието се пофалија дека споредбено со другите комунални претпријатија кои се со иста големина  а градовите имаат иста конфигурација на теренот како Велес, тие трошат многу помалку електрична енергија по тон преработена и дистрибуирана вода. Но се жалат на инертноста на надлежните инспекции  за стотината  дивит препродавачи, кои царуваат во околината на Градскиот пазар и одлеваат пари а се нелојална конкуренција за трговците во Пазарот.  Странските  стручњаци кои го анализираа работењето на ЈКП Дервен посочуваат дека тоа има стари и дотраени возила, кои се несоодветни за потребите и конфигурацијата на теренот.

Велес има две возила за собирање смет,  а му требаат осум.  Пет од нив треба да бидат со помала запремнина, за стрмните и тесни улички од високите делови на градот. Постојните не можат да го  соберат сметот, па затоа се служат со други несоодветни превозни средства -   велат од австриска консултантска агенција која го анализираше работењето на ЈКП Дервен. 

Од претпријатието објаснуваат, дека за да можат навремено и квалитетно да ги извршува задачите и обврски кон граѓаните и покрај тешката финансиска состојба го обновила својот возен парк со едно половно специјално возило за подигање на смет со капацитет од 27 м3.

  Трошоците за работа лани биле зголемени поради вонредни активности,  по барање на надлежниот инспектор за животна средина морале да ги чистат и четирите диви депонии со градежен шут и смет, наспроти двете кои редовно ги одржуваат, како и половина милион денари кои биле потрошени по големото пролетно невреме, кое го зафати градот. Расправајќи за  годишната работата на ЈКП Дервен, власта и опозицијата  пребројуваа кој колку свој политички кадар вработил во него, а списокот и на едните и другите беше броен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »