Петар Печков
Објавено: вторник, 01 август 2023
ЈКП Дервен набави нова апаратура за да може жителите на Горно Оризари да имаат редовно снабдување со вода. Пумпата е набавена од средства на претпријатието, во висина од 355 илјади денари.
„Со цел да се зголеми капацитетот на водоснабдувањето за Горно Оризари, поставена е нова хоризонтална повеќестепена центрифугална пумпа за водоснабдување од тип SKM 50C-3 (30 KW, n=2900 o.min) во препумпната станица во селото. Претходната пумпа обезбедуваше максимум 10л/сек вода за селото, додека ново поставената пумпа ќе пласира 16л/сек вода за домаќинствата“ - соопштија од ЈКП Дервен.
Од претпријатието апелираат до жителите на Горно Оризари да ја трошат водата од водоснабдителниот систем наменски, за потребите на домаќинствата, да не ја користат за наводнување на земјоделски култури. Потсетуваат водоснабдителниот систем не е предвиден за таа намена и нема капацитет за користење во земјоделието.
Tweet |