речник контакт

ЈКП Дервен набави ровокопач, вреден 2,2 милиони денари

Набавени се и косилки, рачни самоодни и грбни машински

Петар Печков

ЈКП Дервен,  набави градежна машина – мал ровокопач, марка YANMAR SV26. Истата ќе се користи  за потребите на секторот Водовод при интервенција на водоводни линии. Вредноста на машината е 2.185.500  денари (без ДДВ). Набавката е извршена со сопствени средства на претпријатието.

Очекуваме употребата на оваа градежна машина да допринесе за поефективно и побрзо извршување на работните активности на службата Водовод - изјавија од ЈКП Дервен. 

На овој начин се обновува  работниот возен парк  во ова велешко ЈП, кој со години беше запоставен или нефункционален.   

Истовремено за потребите на секторот Паркови и зеленило, набавени се две рачни самоодни косилки и шест  грбни машински косилки – тримери.   

Целта на набавката е  поефективно и поефикасно одржување на градското зеленило. И оваа набавка  е извршена со сопствени средства на претпријатието.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »