Петар Печков
Објавено: петок, 17 јануари 2025
За намалување на загубата на водата, ЈКП Дервен лани набавило инструменти кои треба да помогнат процентот од 54 отсто да биде понизок. Има техничка и комерцијална загуба на водата, која стручно ја именуваат како неприходована, која се троши но не носи пари, приход.
„Набавени се инструменти за откривање на дефекти, за проток на вода, која е нерегулирана со водомери и диви приклучеци. Ова ќе влијае на намалување на загубите. Тоа е долг процес оти треба и луѓе и средства и време“ – кажа финансовиот директор Васил Николов.
Директорот Горан Наунчев дополни дека на загубата на вода влијаат и селата од општината кои се приклучени на водоводната мрежа од градскиот водовод.
„На ЈКП Дерен се предадени повеќе водоводи од населени места во општината, и таму се јавува техничка загуба. Бројката на вработени во ЈКП Дервен е намална за 30-40 лица, нема нови вработувања. Но и со овој капацитет на луѓе излегуваме на секоја реакција од граѓаните на поправка“ – рече Наунчев.
Советниците на Општина Велес, на седницата на која се разгледуваше девет месечниот извештај за работа прашаа за долгот на ЈКП Дервен кон ЈВП Лисиче, кој бил во висина од осум милиони днереаи.
„Имавме цена одредена од регулаторна комисија од 01.01.2024 до 01.07. 2024 . Знаете таа не беше спроведена од Советот, затоа за шест месеци имаме долг од половина година, работевме кон корисниците по пониска цена од таа што регулаторна ја одреди. Или ЈВП Лисиче ни фактурираше цена одредена од регулаторна, ние на корисниците им наплатувавме пониска“ – објасни Николов.
„Кога Велес бил индустриски град, од наплата на вода се обезедувала платата а другите средства биле за инвестиции“ – дополни Наунчев.
Загубата на ЈКП Дервен во првите девет месеци на 2024 година била 27 милиони денари.
Tweet |