речник контакт

ЈКП Дервен со реакција за наводите во медиумите дека не може да извршуваат дејност за бележење на хоризонталната сигнализација

Специјална шифра на дејност за „Обележување на хоризонтална сигнализација“ во Централниот регистар не постои

Петар Печков

Префрлањето на машината за хоризонтално бележење на патната сигнализација, која ја бави Општина Велес и со едногласна одлука на Советот беше пренесена на користење на ЈКП Дервен, предизвика реакции. Од ЈКП Дервен со објаснување по наводите дека тие немаат шифра на дејност за бележење на сообраќајната хоризонтална сигнализација..

„Со цел јавноста да биде точно информирана и да се избегне ширењето на дезинформации, реагираме на „веста“ што одредени „портали“ ја објавија во текот на денешниот ден, а во врска со доделувањето на механизација за бележење на хоризонтална сигнализација на користење на Јавното комунално претпријатие Дервен од страна на Општина Велес.
Неточно е дека Јавното комунално претпријатие Дервен не може да ја извршува дејноста наведена во Одлуката од Советот на Општина Велес со која се овластува Градоначалникот да склучи договор со претпријатието, односно да го задолжи претпријатието да врши обележување на сообраќајниците во општината користејќи ја ново набавената машина. Оваа Одлука е донесена едногласно од страна на советниците.

Вистината е дека во Централниот регистар на дејности во Р. Македонија, а тоа може да се види и од приложената Тековна состојба на претпријатието, дејноста за која сме задолжени од страна на Општина Велес спаѓа во дејностите под Шифра 42.99 – Изградба на други објекти од нискоградба, не спомнати на друго место и Шифра 43.99 – Останати специјализирани градежни работи, не спомнати на друго место.

Специјална шифра на дејност за „Обележување на хоризонтална сигнализација“ во Централниот регистар не постои. На следниот линк https://datakont.mk/nacionalna-klasifikacija-na-dejnosti/ може да се видат сите постоечки шифри на дејности во Централниот регистар на Р. Македонија.


Сите компании и претпријатија, приватни или државни кои се бават со оваа дејност – „Обележување на хоризонтална сигнализација“ во својата работа се повикуваат на горенаведените две шифри од Централниот регистар на дејности – Шифра 42.99 и Шифра 43.99.

Од сето ова очигледно е дека не постои законска пречка ЈКП Дервен да ја  извршува дејноста „Обележување на хоризонтална сигнализација“, па затоа очекуваме порталите кои во напорите да обезбедат ексклузивитет заборавиле на новинарската етика и обврската да ја проверат информацијата пред да ја објават ќе ја повлечат оваа невистинита вест од своите веб страни и дека во иднина ќе се потрудат да бидат веродостојни, во интерес на своите читатели и пошироката јавност, наместо да ја доведуваат јавноста во заблуда“ - пишува во соопштението на ЈКП Дервен.

 во прилог „Тековна состојба на претпријатието, дејности на работење“

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »