Петар Печков
Објавено: среда, 12 јуни 2024
ЈПКД Тополка од почетокот на месецов започна со електронско плаќање на од страна на корисниците за доспеаните сметки за комуналните услуги, во Општина Чашка. Деновиве се дистрибуираат флаери, со кои е во тек кампањата за информирање на жителите на општината, за начинот на кристење и плаќање он лајн.
„На овој начин се постигнува следење на државните трендови за електронско плаќање, заштеда на време на корисниците на услугите на ЈПКД Тополка – Чашка, без чекање во ред пред шалтерите во банките, пошти, наплатни центри и и се придонесува во унапредување на екологијата“- кажа градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.
За да можат корисниците на услугите на ЈПКД Тополка да ја користат услугата потребно е да се најават (регистрираат) преку веб страната: www.topolka.mk Плаќањето е без провизија, брзо и сигурно.
Tweet |