Петар Печков
Објавено: недела, 23 јуни 2013
Велешанецот Т.Б. ( 29 год) ја нападнал сопругата и физички ја малтретирал а откако соседите пријавиле во полиција, тој им се заканувал со секира дека ќе ги убие. Настанот се случил утрово околу 3,20 часот на улица Љубен Весов. СВР Велес го потврди инцидентот и според нив Т.Б. во моментот кога се случил бил во видно алкохолизирана состојба.
Според соседите Т. Б. бил качен на неговата куќа, со секира и се заканувал дека ќе го убие секој оној што ќе се обиде да го приведе. Притоа фрлал со керамиди по полицајците и се заканувал дека доколку се приближат ќе ги запали со запалка. СВР Велес по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе поднесе соодветна пријава.
Tweet |