речник контакт

Ја оштетиле железница за две илјади евра, добија условна казна затвор

На сторителите им се судеше во отсуство

Петар Печков

Ивица Каевиќ  од Скопје и Габриела Димкова од Велес  добија условна казна затвор од две години, ако за следните  пет  не сторат друго кривично дело, откако украле опрема на МЖ.  Тие во Основниот суд во Велес се  прогласени за виновни и осудени   за кривично дело тешка кражба  при што ги оштетиле Македонски железници за 132 илјади денари. . И двете лица се во бегство и им се судеше во отсуство. 

Според обвинението ноќта помеѓу 14 и 15 август  2011 година, обвинетите по претходен договор дошле до просториите за одржување на Контактна мрежа од Подружницата  Велес од каде присвоиле предмети од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот и сигурноста на јавниот сообраќај. Од поставениот вагон  на Железничката станица  пресекле и одзеле 20 метри бакарно јаже вредно 34 илјади.

Во  друг обид, во временскиот период од 4 до 7 октомври 2011 година,во Велес пресекле и одзеле 30 метри бакарно јаже во вкупна вредност од 51 илјада, пресекле и одзеле 20 кг. бакарно јаже во вкупна вредност од 15.750 , пресекле и одзеле 40 кг. бакарно јаже во вкупна вредност од 31.500 денари. Дел од украденото бакарно јаже  го продале во отпадот.

Штетите направени од кражби во 2011 година  во МЖ достигнаа вредност од 403.000 евра, додека во 2012 година 193.000 евра. Поради честите кражби на опремата од железницата таа воведе систем за видео надзор на пругата по должината на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »