Петар Печков
Објавено: вторник, 19 декември 2017
Локалната власт бара мислење до велешани, што да прави и како најдобро да се искористат објектите кои се во сопственост на Општина Велес, а сега се празни. Тоа ќе се случува преку јавна расправа, закажана за четврток попладне, со почеток во 18:00 часот, во големата сала на Општина Велес.
Домот на АРМ - Офицерски, зградата на синдикатот - киното, хотел „Вила Зора“, локалната библиотека, поранешното ОУ ЈХК Џинот, паркинг просторот пред Основниот суд и пред саат кулата, кејот на река Вардар, старите училишта во Горно Оризари и до велешкиот затвор, просториите во зградата спроти полицијата, центарот на градот и уште неколку локации за кои заеднички ќе одлучиме што е нивната најдобра и најпрактична примена - се вели во писменото соопштение на Општина Велес.
Јавната расправа е отворена за сите граѓани, здруженија, институции, поединци кои мислат дека имаат идеја што да се прави со општинскиот имот а истиот е малку или е неискористен.
Tweet |