речник контакт

Јагнето со ниска откупна цена, сточарите бараат заштита од државата

Се откупува по 120 денари што е најниска цена во последните десет години

Петар Печков

Македонските сточари се незадоволни од откупната цена на јагнето, поради што на нивно барање оствариле средба со ресорниот министер за земјоделие.  Јагнето иако на самиот почетокот од откупот, моментално има  цена од 120 денари за килограм жива мерка, додека преоценките на сточарите се дека реалната цена е 165 денари. Тие бараат државата да ја надомести ова разлика, за да не се случи стадата овци  во Македонија да се намалат.      

Цената е минимална, ваква немало последните  десетина години наназад. Најниска што помниме беше 140 но не  и 120 како сега,  највисоката беше 210.  Откако ќе се објагни овцата, додека го одгледаме јагнето до 20 кг. имаме калкулација дека се трошат 165 денари по килограм. Затоа и бараме државата да ни ја надомести оваа разлика  - изјави Митко Јанков сопственик на фирмата Арапче ДООЕЛ, кој се бави со сточарство, одгледува овци.  

Поради ова вчера (петок) на средба со министерот  за земјоделие Михајло Цветков биле претставници на здруженијата на сточари од цела држава.  Тој ги сослушал и според сточарите, застанал зад ова барање.   

Министерот Цветков  не` поддржа и рече дека нашето барање ќе оди до Влада, да се надомести оваа разлика од 45 денари за јагне. Се надеваме дека ќе не поддржат, ако не сточарите ќе излеземе пред Влада. Добро е  да се реагира на почетокот од откупот, оти во наредниот период, до април може цената само да паѓа  – додаде Јанков.    

Тој одгледува овци во велешкото село Ораовец. Се преоценува дека само во велешко има  30 илјади овци   од кои живеат 700 до 800 фирми и  семејства. Плус тоа секоја вработува по најмалку три до 4 лица, што според сточарите значело дека ниската откупна цена ги допирала само во велешко најмалку три илјади  семејства.  

Сточарите додаваат дека ова што тие го бараат не е субвенционирање, туку  заштитна мерка за годинава, со цел да остане стоката на број. Во спротивно можно е  да се намали бројот на овци. Илустрираат дека поради високата субвенција во Грција таму осетно се зголемил бројот на овци, поради што тамошниот пазар без малку ги затворил вратите,  па останале само Италија и Хрватска, каде се извезува македонското јагне.  

Во Македонија за една овца субвенцијата била илјада денари, додека за женска јагне  700 денари. Сточарите споредуваат дека во соседството во Србија субвенциите отишле  61 евро за овца и 30 за јагне, додека во Албанија биле нешто пониски, но далеку повисоки отколку во Македонија. Поради тоа бројот на овци во Македонија со години е  на исто ниво околу 600 илјада во Србија отишол на 2,3 милиони иако пред три години сме биле слични.   

Македонските сточарите барале и субвенции за набавка на агрегати  за добивање електрична енергија од сончева, поради тоа што  90 отсто од бачилата каде се одгледува стоката се во места каде нема струја, а истата им е неопходна за одржување на апарати кои се потребни во производниот процес за млекото  –фрижидери и лактофризери.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »