Петар Печков
Објавено: недела, 12 март 2023
На модната недела одржана викендов во Скопје 9-11 март се претстави и велешанката Јагода Пачемска од студиото за цвеќе „Фа-Бу“ со две нејзини креации од свежо цвеќе - „Гламур“ и „Елеганција“.
Едната „Елеганција“ е создадена од цветови од мимози додека „Гламур“ од тропски листови
Двете креации кои беа вистинска уметност, наидоа на воодушевување од присутните на „Фешн вик“ и на аплаузи за реализацијата на идејата.
Tweet |