Петар Печков
Објавено: петок, 14 октомври 2011
Велешките екологисти побраа планини Јакупица и Даутица, во регионот на Азот да станат национален парк. Тие до Министерството за животна средина ќе испратат барање овој предел, позната како Мокра да биде заштитен од државата поради неговиот био- диверзитет и значењето по здравата животна средина за велешани.
Велешани во блиската околина нема каде да се рехабилитираат од се уште згадената животна средина, од почвата. Овие предели има можност за развој на историско - културен, еколошки и планинарски туризам. Овој дел од центарот на Македонија има голем туристички потенцијал. Иницијативата е во интерес на природата, на човекот, на сите нас кој живееме во соседството. Потребно е тамошната убавина да ја заштитиме и отвориме кон посетителите – изјави д-р Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора од Велес.
Оваа иницијатива е поддржана од уште неколку велешки еколошки друштва. Со прогласувањето на Национален парк на овој предел, ќе се заштитат и природните реткости кои ги има во изобилие во областа Мокра. Со ова корист од туризам би имале и руралните општини од Чашка. Во овој дел од срцето на Македонија е врвот Солунска глава, изворите на реките Бабуна и Тополка, пештерите Марина Рупа и Голема пештера, планинарските домови Чеплес, Папрадиште, Мокрени и Ореов Дол, стариот римски мост во Богомила, рибникот во Нежилово, историските музеи во Горно Врановци.
За реализација на оваа иницијатива потребно е да се изготви студија за проценка на био-диверзитетот на планините Јакупица и Даутица. Македонија до 2020 година законски треба да заштити 20 проценти од нејзината територија а досега се заштитени само 7,4 отсто.
Како двете планини Даутица и Јакупица го добиле името, во времето на турското владеење? Тогаш во овој крај владееле две богати семејства, кои се скарале за еден коњ. Поради него дошло и до крвопролевање, па велешкиот бег решил да ги смири со тоа што им подари по една планина на Јакуп Јакупица на Даут Даутица, додека Бабуна останала со ист топоним, го сочувала уште од времето на Филип Втори
Овој крај е често посетува од трагачите по закопано богатство бидејќи веруваат дека овие две семејства, на Даут и Јакуп кога заминувале од Македонија, оставиле богат плен злато, кој уште се бара од авантуристите по околината на Мокрени и Ораов дол.
Tweet |