Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 јули 2020
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска во согласност со постојните законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациски единици во Министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада.
Тоа значи дека Злате Јаневски е повторно началник на СВР Велес. Досегашниот началник, Игор Ангеловски, се враќа на местото самостоен инспектор во крим -техника во СВР Велес.
Овие поместувања доаѓаат откако во саботата пратениците од новиот мандат на Републичкиот парламент, избран на 15-ти јули, ги добија уверенијата а со тоа завршија и изборите и т.н. Пржинска Влада.
Tweet |