Петар Печков
Објавено: петок, 07 мај 2021
Јапонската амбасада врачи возило, кое е нивна донација за Општина Градско. Преку Проектот за подобрување на основните јавни услуги за општината е обезбеден нов трактор со дополнителна механизација, во вкупна вредност од 40.178 евра.
На денешната церемонија, на официјално предавање, присустуваше Такахаши Сатору, заменик шеф на Мисијата на Амбасадата на Јапонија. Домаќини на завршната церемонија беа Градоначалникот на Градско Роберт Бешовски и директорот на Јавното комунално претпријатие „Клепа“, Златко Арсов.
„Помошта пристигна во вистински момент затоа што возниот парк на нашето јавно претпријатие беше во навистина незавидна состојба, со застарени и амортизирани возила кои не ги задоволуваат потребите и динамиката на работа. Со набавка на возилото се овозможи нормално фунционирање на општината во областа на комуналните дејности“ – порача градоначалникот Бешовски.
Во име на јапонскиот народ, Такахаши Сатору изрази благодарност до граѓаните на Градско за нивното пријателство. Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и 57 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини.
Tweet |