речник контакт

Јапонци и дипломати градат нови домови во населбата Хабитат

Волонтерски тим од Јапонија, сопругата на американскиот амбасадор и почесниот генерален конзул на Јапонија во Скопје, градеа во Хабитат населбата во Велес

Петар Печков

Десетина јапонски студенти работат во изградбата на 12 нови станови во населбата Хабитат, во Велес. Тие се тука од минатата седмица, ќе останат до средината на март и се вклучени како волонтери во овој проект, наменет за   велешките семејства со ниски приходи кои живеат во супстандардни услови.

Овие млади Јапонци  претходно учествувале во ваков  проект наменет за граѓани од пониските социјални слоеви, во други земји во светот. Во текот на денешниот ден, среда, во работа им се приклучија и Мери Џо Волерс, сопруга на американскиот амбасадор во Македонија и   Казу Лешниковска, почесниот конзул на Јапонија во Скопје.

Големо задоволство ми е да им се придружам на Хабитат Македонија, мадам Мери Џо Волерс и волонтерскиот тим од Јапонија во изградбата на пристојни и достапни домови за семејствата од Велес, со ниски приходи кои живеат во супстандардни услови. Оваа година, Јапонија и Македонија бележат дваесет годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи и особено ми е драго што посетата на првиот јапонски тим коинцидира со овој значаен јубилеј  – изјави  Лешниковска.

Таа со Волерс работеа во ѕидање на внатрешноста на становите. Ова е за прв пат волонтерски тим од Јапонија  да се вклучи во изградбата на Хабитат населбата во Велес, откако претходно во изградбата на веќе  завршените  две згради учество земаа 500 волонтери од цел свет.  Две години Волерс активно ги поддржува активностите на Хабитат Македонија, додека за  Лешниковска ова е првото волонтерско искуство.

Хабитат-Македонија е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. Тие претходно изградија  24 стана во две згради во населбата Тунел 2, каде се вселија велешани со ниски примања.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »