речник контакт

Јас сум од Титов Велес, репризно среда на ТВ АЛФА

Тие што не го гледале досега филмот ,,Јас сум од Титов Велес,, ќе можат тоа да го сторат среда 30 март 20,30 часот АЛФА ТВ. Социјална приказна за животот во загадениот град.

Петар Печков

Главните ликови во филмот ги толкуваат Лабина Митевска, Николина Кујача, Ана Костовска, Џевдет Јашари и словенечкиот глумец Петар Мусевски, Јовица Михајловски,  играат и Митко Апостоловски, Јордан Витанов, Петар Горко, Горан Илиќ и други. Директорка на фотографијата е Виржин Сен Мартин од Белгија.

Приказната на „Јас сум од Титов Велес“ зборува за три сестри од Велес Лабина Митевска - Афродита, Николина Кујача - Сафо и Ана Костовска - Славица, што живеат во хаосот на постсоцијалистичката транзиција. Трите сестри се обидуваат да преживеат, иако не се доволно подготвени за суровоста што ги чека. Неолибералната транзиција им ги има отворено вратите на новите богаташи, кои веруваат дека се  има своја цена. Славица, најстарата сестра, е веќе девет години на метадонска терапија. Таа е во очајничка потрага по сопруг што би ја одвлекол од мизеријата. Сафо е прагматична, подготвена на се\' за да стигне до посакуваната цел, додека Афродита има најмалку време за себе. Приказната се следи низ очите на Афродита.

Филмот освои награда од жирито со кое претседаваше актерот Џереми Ајронс, на Саревскиот фестивал, беше прикажан во Торонто, на Берлинскиот фестивал.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »