Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 октомври 2013
Јога-друштво Велес е член на Јога-сојузот на Македонија и во него се предава интегрална јога според системот на учителот Павлос К. Хасанагас. Низ 20-те години континуирана активност, Јога-друштво Велес ја промовираше културата и знаењето за јога не само како древна и далечна дисциплина корисна за здравјето на човекот, туку и како интегрален дел на секојдневното живеење и во спрега со него.
Како комплексен систем на практични и филозофски сознанија со докажани импликации врз психофизичкото здравје на луѓето и нивната целокупна активност. До сега има организирано голем број на едукативни курсеви, јавни предавања и предавања од општ и специјализиран карактер, семинари на републичко ниво, како и други културни манифестации од значење за јавниот живот на градот.
Во неделата во просториите на Ликовниот салон, се одржи семинар по јога со наслов "Умот во авидја - за незнаењето, глупоста и заборавот". Семинарот беше под водство на учителот по јога Павлос К. Хасанагас. Се одржи и промоција на вториот дел од книгата „Сатсанг - средба со вистината“ од учителот по јога Павлос К. Хасанагас.
Книгата е во издание на Јога-сојузот на Македонија. Промотор на книгата беше м-р Димитар Апасиев, Оваа година Јога-сојузот на Македонија, а со тоа и Јога-друштвото – Велес, одбележуваат и три децении издавачка дејност.
Tweet |