речник контакт

Јоксимовиќ на велешката Питијада

Новина изложба на олдтајмери

Петар Печков

Главна ѕвезда на   годинашната  Питијада  во Велес,  е српската и Балканска поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.  Тој ќе настапи на втората вечер од манифестацијата, на првата  се Каролина и Љубојна а на третата  групата Ван Гог од Белград.  

Манифестацијата  ќе се одржи во втората седмица на октомври, од 7-ми до 9-ти. како и претходните години на просторот од улица Благој Ѓорев, пред дворот од Гимназијата.  Годинава  ќе се одржи  по 13-ти пат. Доаѓаат познати имиња  од македонската поп, рок  и фолк сцена.    

Меѓу гостите на листата се и македонските изведувачи Дани, Нокаут, ДНК, Ај-кју, Мики Секуловски  како и фолкерите Елена Велевска, Јордан Митев, групата маестро, Витрус.  Новина е што годинава  на еден дел од  р просторот ќе има изложба на олдтајмери.  

Се уште нe е утврдена цената на парче пита и чаша вино. Досега присуство пријавиле 25 угостители и пет винарии. Изминатите години на велешката Питијада гостуваа ,,Парни Ваљак,, ,,Прљаво казалиште,, ,,Црвена јабука,, , Калиопи, Елена Ристевска, Дани,  Бени и Нон стоп.. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »