Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 ноември 2026
Компанијата Јопоне, со седиште во Велес претстави два нивни нови производи, наменети за лицата со попреченост. Тоа се GLOO didactic и SLP CUP две патентирани иновации за нови можности во комуникацијата и развојот.
GLOO didactic е за деца со аутизам, за да им привлече внимание. Тоа е рамка за наочари, со вграден микрофон, со лед диода, кое светнува кога родителот, старателот, персоналниот асистент почнува да говори за на детето му се привлече вниманието. SLP CUP – логопедска чаша за вежба на јазикот, за деца кои имаат проблем со говор.
Тие беа премиерно претставени во јавноста во саботата во Скопје, веќе се произведуваат и можат да се набават. Идејата е на д-р Мулијам Качка од Косово а призводството на Јапоне.
На премиерното претставување во Скопје, д-р Мулјаим Качка ги истакна охрабрувачките резултати од досегашните испитувања на двата производи, а Никола Тодоровски, креатор на GLOO didactic, ги претстави техничките карактеристики на уредот.
Д-р Мулјаим Качка, доктор на науки по логопедија и лингвистика и клинички логопед, ја претстави стручната и клиничката основа на производите. Посебен акцент во неговото излагање беше ставен на охрабрувачките резултати од досегашните испитувања. Тој ја истакна важноста на развојот на решенија што произлегуваат од непосредната работа со корисниците и од разбирањето на нивните потреби.
Никола Тодоровски од ИДЕА ХОЛДИНГ, креатор на GLOO didactic, ги претстави техничките карактеристики и начинот на функционирање на уредот.
GLOO didactic е интерактивен дидактички уред наменет за поддршка на визуелното внимание, интеракцијата и воспоставувањето контакт со очи кај деца со аутизам.
Преку комбинација од светлосни, звучни и вибрациски сигнали, уредот е осмислен како дополнителна алатка во терапевтската работа.
Вториот производ, SLP CUP, е патентирана логопедска чаша со две нивоа, наменета за вежбање на подвижноста на јазикот и поддршка на оралната моторика кај деца и возрасни. Развиена од клиничката практика, таа нуди практична алатка за спроведување на овие вежби.
Компанијата ЈООПОНЕ, која работи во Велес, е македонска компанија основана во 2013 година, специјализирана за развој и производство на медицински помагала и решенија за лица со попреченост.
| Tweet |









