Петар Печков
Објавено: четврток, 11 мај 2023
Јордан Витанов е годинашен добитник на актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. Ова го соопшти градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, на прес конференција, најавувајќи ги содржините на 2-от Фестивал на комедијата „5ре“.
„Наградата била едногласно доделена од страна на тричленото жири. Имало пристигнато две пријави по конкурсот кој го распиша Општина Велес“ - кажа Колев.
Витанов од минатата година е во пензија, но и натаму настапува на матичната сцена. Активна е претставата „Татко“ каде тој ја толкува главната ролја. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни филмови и телевизиски серии.
Наградата ќе се додели понеделник на 15 мај, на отворањето на фестивалот „5ре“. Таа е парична во висина од 500 евра и плакета со ликот на Прличко. Советот на Општина Велес го избра жирито, претседател Игор Џамбазов,актер и лански добитник на наградата, Дејан Дуковски режисер од МНТ и Талија Настова актерка од велешки театар.
Наградата се доделуваше како дел од свечености за 9 Ноември, денот на општината а од лани се доделува во рамките на театарскиот фестивал на комедијата „5ре“.
Tweet |