речник контакт

Јорданов и Николовски млади актери аматери кои доаѓаат

За нивните желби, соништа,актерството по наградите на ДАФ во Кочани, во разговорот во продолжение

Петар Печков

Двајца млади велешани, актери аматери на неодамна завршениот републички фестивал во Кочани добија награди. За  најдобра машка улога  беше награден Кристијан Јорданов а за споредна Стефан Николовски, и двата лика од претставата ,,Адвакатот Патлен,, на студиото Прличко. За нивните желби, соништа, актерството во разговорот во продолжение.

Кристијан Јорданов  е 19 годишно момче, кое минатата година заврши Гимназија и планира летово  да се запишува на глума на ФДУ во Скопје.  

Уште пред да заминеш, најави дека одиш за да добиеш награда. Толку силно се внесе што на крајот и ја доби. Како почувстува дека ова е твој момент?

Претставата беше одиграна лани, паузираше подолго време и решивме да ја пријавиме на ДАФ. Почувстувавме дека имаме со што да се покажеме таму.  Кога дојде денот за изведба, сите сплотени, режисерката Чичевска ни порача ,,излезете на сцена и уживајте,,. Заборавивме дека играме претстава, туку се соживеавме. Реакциите од критиката, жирито, публиката, навестуваа дека нешто убаво ќе ни се случи. И така бидна. Ќе излажам ако не кажам дека наградата ме направи горд. Очекував дека ќе ја добијам.

Што стои зад тебе како уметничка позадина?

Започнав во театарската група ,,Словото,, на Весна Бобевска на 13 години. Ми се  стори дека глумата е интересна. Под водство на Весна одигравме 14 претстави со околу 80 изведби. Потоа се случија преставите од Гимназијата па со Слободанка Чичевска или некаде 20-тина претстави со 100-тина изведби.  

Како се пронајде во уметноста?

Во основно само рецитирав. На професорките по македонски им се допадна мојата дикција, начинот и така почнав. Тоа беше првиот контакт со сцената. Весна Бобевска ме побара да заменам некое дете кое откажало и така почнав со театарот. Јас се појавувам и како вокален исполнител, водител. Така што ме има на сцената.

 Имаш настапувано ми во некои тв приказни?

 Статирав во неколку приказни, како и во епизодата за Миле Поп Јорданов, од серијалот Тврдокорни.  Ме имаше и во неколку документарни  аматерски филмови на  режисерот  студент Александар Арсовски.  Настапив и во неколку видео спота.

 Ќе одиш ли на глума?

Лани не конкурирав, сметав дека не сум созреан,  не ми е моментот но годинава ќе одам. Нагрдата од Кочани ме обврзува. Тексот сеуште не сум го одбрал, во дилема сум каде подобро ќе се истакнам.  

Стефан Николовски  е матурант од Гимназијата Кочо Рацин. И тој го има истиот сон, да се запише на ФДУ.

Што оваа награда од Кочани од ДАФ значи за тебе?

Оваква награда на најголемиот аматерски драмски фестивал е многу битна. Посебно кога завршувам средно и сакам да се запишам на Драмски факултет. Едноставно знаев, имав претчувство кое кажува дека нешто ќе се случи и навистина имаше, добив награда.

 Дали само театарот е твојот допир со уметноста?

Започнав на Фестивалот во Стоби во 2009-та година и од тогаш  до денес сум нон стоп во проекти, претстави. Започнав  со патронатите на ОУ Васил Главинов каде учев основно.  Продолжив и во Гимназија. Го сакам театарот и не можам без него.  Имам осет и со музика и ритам, таму се пронаоѓам. Четири години пуштам музика и така заработувам. Започнав во театарската група ,,Словото,, продолжив во ,,Прличко,,. Не можам да ја прескокнам претставата ,,Партал,, која ја работевме со Кристијан. Тоа беше мошне тежок лик, кој не можев да сфатам што размислува а не камоли ,како да се однесува. Тоа претстава за две сирачиња, која ја одиграв на 16 години.  Тоа искуство од оваа улога ми е досега највпечатливо.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »