Петар Печков
Објавено: недела, 19 ноември 2006
Основното музичко училиште „Киро Димов“ од Велес, го одбележа јубилејот 60 години од постоењето со концерт на неговите ученици.
Ова е најстаро училиште за музика во земјава, основано на 14 ноември 1946 година. По тој повод учениците оддржаа концерт на кои свиреа дела од повеЌе светски и домашни автори.
- Горди сме на овој редок јубилеј на најстарото основно музичко училиште во Македонија. За овие 60 години завршија три илјади ученици а сега во четирите одделенија учат 200 деца кои посетуваа настава по пијано, виолина, кларинет , флејта и гитара - изјави Светлана Ташева директорка на училиштето.
Вработените се горди што тие ја продолжуваат традицијата на најпознатите македонски музичари Стефан Гајдов и Жифко Фирфов, родум од Велес. Во ОМУ „Киро Димов“ се школувал и виолинистот Костадин Богдановски, сега концерт мајстор на операта во Барселона шпанија.
Дел од инструментите со кој почнало училиштето да работи биле национализирани а дел биле добиени од расформираните тогаш актуелни музички друштва.

Tweet |