речник контакт

Јубилеј од раѓањето и смртта на социјалистот Главинов

Иако ниту на овој ден е роден, ниту починал, улилиштето со пригодна несекојдневна и добро смиселена претстава ги одбележа јубилеите

Петар Печков

Во родната куќа на Васил Главинов во стариот дел на Велес, беше  одбележан јубилејот  145 години од раѓањето и 85 години од неговата смрт. Учениците од ООУ „Васил Главинов“ изведоа драмска програма со историски настани и случувања поврзани со животот и работата на Васил Главинов, подготвени од актерката Весна  Бобевски. 

Денешното чествување на делото на Главинов е нова можност да се потсетиме  и  на слободарските идеали на големите македонски  дејци за национална и социјална слобода, како Гоце Делчев, Дамјан Груев, Веле Марков, кои заедно со Главинов ги поставија цврстите темели на слободната македонска држава во која денес живееме, рече  министерката за култура Канческа-Милевска, која присустваше на настанот. 

Таа најави дека Министерството за култура издвоило средства од буџетот за 2014 година за откуп на преостанатиот дел од родната куќата на Васил Главинов и дека тоа ќе се случи до крајот на годинава, по што ќе биде преотстапена на локалната самоуправа.

Родната куќата на Васил Главинов е изградена во средината на 19 век. Во 1968 година делумно е откупена од страна на државата, а една година подоцна, на 60-годишнината од неговата смрт е адаптирана во музеј и отворена за првите посетители. По опожарувањето во 1972 година,  цели седум  години се реконструираше и повторно е отворена за посетители во 1979 година.

Локалната власт  прави напори за заживување на спомен-куќата на првиот социјалист и водач на работничкото движење во Македонија, Васил Главинов, кој по професија бил столар. Затоа секое лето со основците од градот во неа се организира столарска работилница.

Директорката на училиштето Лилјана Николовска  не одговори  на прашањето зошто јубилејот се слави на овој ден, 19 март, кога Главинов ниту е роден, ниту починал.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »