речник контакт

Јубилејната 45 Илинденска коњаница мина низ Велес (фото и видео)

Коњаниците тргнаа од општина Аеродром Скопје а на 2 август треба да стигнат на Мечкин Камен во Крушево

Петар Печков

Попладнево низ Велес минаа учесниците на 45 Илинденска коњаница. Триесетина јавачи од нив три девојки  се учесници на манифестацијата која се одржува од 1978 година. Нив ги поздрави зaменикот градоначалник Коста Нојков.

„Драги коњаници во Велес сте секогаш добредојдени. Велес ќе ве пречека со цвеќе, како што на времето се пречекувале комитите. Мораме да ги чуваме и негуваме традициите  на двата Илиндена, 1903 -1944 година. Традицијата  е тоа што не` одбележува, обединува , разликува.  Се додека има верни чувари на традицијата таа ќе биде горда, се додека има луѓе кои ја почитуваат традицијата, Македонија е жива“ - рече Нојков.

Коњаниците тргнаа од општина Аеродром Скопје а на 2 август треба да стигнат на Мечкин Камен во Крушево.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »