Петар Печков
Објавено: среда, 07 декември 2011
Тужбата на ,,Зелената коалиција,, е одбиена бидејќи не може да се докаже во кој период е сторено загадувањето на Велес од рабоатата на топилнциата, дали во самостојна Македонија или во времето на СФРЈ. Ова е образложението кое судијката Билја Јачева го напишала а го има на веб страницата на Основниот суд во Велес.
Што се однесува до второто барање да се отстрани депонијата со згура тешка 1,7 милиони тони и да се изврши замена на загадената велешка почва, со пресудата се тврди дека изворот на опасност може да се спречи со соодветни мерки на начин и во постапка предвидена со посебен закон. Тужителите првично се изненадени од објаснувањето и очекувале дека немаат доволно докази, но не дека причина за одбивањето е што не се знае кој ќе треба да ги сноси последиците.
Образложението е надвор од сите очекувања, не би сакал да ја коментирам. Мислам дека кога ќе стигнеме во Стразбур ќе ни се смеат. Ако од една страна со петни жили ги бараме нашите права како правен наследник на СФРЈ сега од друга страна, миеме раце дали загадувањето е сторено тогаш во Југославија или сега во Македонија - изјави Ненад Коциќ, член на Зелената коалиција.
Таа се состоеше од седум граѓански здруженија, заедно со општина Велес. Тие бараа од државата да ги обештети за три децениското труење кое е резултат на работа на топилницата за олово и цинк, која работеше од 1974-та до 2004-та.
Тужителите не бара пари, туку државата да изврши замена на земјата во длабочина до 50 см на јавните површини во градот, околу училиштата, детските градинки и парковите, како и дислоцирање на депонијата со згура која и натаму е емитер на тешки метали. И земјата и депонијата и денес се богати со олово и кадмиум, кои се опасни по здравјето на луѓето иако Топилницата не работи осум години.
Во писмениот документ пишува дека ,,од изведените докази не може да се утврди фактот во кој период е настанато загадувањето на почвата на јавните зелени површини дали во периодот по осамостојувањето на Република Макаеонија или претходно, не може да се утврди која катастарска парцела предмет на тужбеното барање е контаминирана, со кој метал е контаминирана ,во кој процент над дозволеното , до која длабочина на почвата и кој е потребниот начин на ремедијација како на јавните зелени површини така и за санација на депонијата,, . Зелената коалиција заедно со општина Велес најавуваат дека ќе поднесат жалба на пресудата и ќе го продолжат натаму ,овој прв такво процес во земјава.
Tweet |