Петар Печков
Објавено: петок, 11 октомври 2024
Читањето и толкувањето на античката драма, во изведба на Јужнорејците од театарот „Идиоти“ од Сеул, го освои жирото на фестивалот на античка драма (ФАД) „Стоби“.
Претставата „Мир“ според Аристофан, ги доби сите четири нагарди на ФАД, Гран при за најдобра претстава, за режија на Ли Сангмјунг и за машка и женска улога како колективна награда за целиот ансамбл.
„Претставата ги има сите квалитети на ангажиран театар, во кој блескаат и режијата и индивидуите и ансамблот. Испраќа моќна порака во одбрана на човекот и човештвото, изложени на наслиство и алчноста кои се закануваат да ја сотрат цивилизацијата. Имавме успешен фестивал, со квалитетна програма, публика која уживаше во претставите и задоволни гости“ – кажа Ненад Витанов режисер, член на жирито. Тој ги образложи наградата, во името на жирито каде беа Владимир Милчин претседател и актерката Маја Љутков.
Актерите од Сеул, преку игра, танц и кореографија на познати музички нумери ја одиграа претставата, сосема различно толкување на античката драма, во однос на Европските видувања. Во претставата „Мир“ тие испраќаа јасна и недвосмислена порака за поддршка на настраданите и жртвите во војната во Газа и прекин на воените дејствија кои таму се случуваат.
На 21 издание на ФАД се одиграа пет претстави на театари од Сараево БиХ, Будимпешта Унгарија, Сеул Јужна Кореја, Пловдив Бугарија и Скопје.
Бидејќи античкиот театар во локалитетот Стоби се реконстуира, неколку години нанзад но и во следните додека не се завршат конзерваторските работи таму, тој ќе се одржува на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Tweet |