Петар Печков
Објавено: вторник, 13 јуни 2017
Во тек е јунската акција на засадување на цветен насад по јавните површини во градот. Работниците од Работната единица при Паркови и зеленило на ЈКП Дервен деновиве засадуваат нови цветни аранжмани.
Во тек е освежување на паркот пред ОУ „Васил Главинов“, собиралиште на жителите од новиот дел на градот. Хортикултирното уредување се изведува секоја година.
Се садат едногодишни цвеќиња на повеќе локации во Велес.
Досегашната праксата честопати покажала дека веднаш по засадувањето, значителен процент од цвеќињата од неодговорни поединци се искорнати.
Затоа од ЈКП Дервен апелираат за совесност и одговорност. Цвеќето што е засадено на јавните површини е на сите граѓани и платено од сите.
Tweet |