Петар Печков
Објавено: сабота, 27 април 2019
Велешанецот Љубе Ристов по 26 години минати како домаќин во Домот на пензионерите, се пензионираше. На 80 годишна возраст, тој реши да се повлече. Нo и покрај тоа што административно не е на работната обврска, тој секојдневно во салата на Домот за пензионери. Тој беше во оваа просторија од есента 1992-та, кога ги послужуваше гостите, им нудеше игри за забава, карти.
Кога се пензионирав на 30-ти септември, следниот дена веднаш дојдов тука да помагам на пензионерите. Работев во железница, како отправљач на колите. Пред тргнување го прегледував вагоните дали се во возна состојба и дали може да сообраќаат. Цел работен век го минав патувајќи до Скопје на работа, - се присетува Љубе.
Тој иако живее во другиот дел на градот, Прцорек, подалеку од Пензионерскиот, оваа релација ја пешачеше по два пати, и исто толку назад кон дома. Вели дека е подобро кога се движи, отколку дома да седи и гледа телевизија.
Ја отклучував просторијата, како келнер ги услужував, сок, вода кој што сака. Почнував во 8 наутро, ако е зимно време пуштав парно, ако е топло клима уред. Гостите знаеја понекој пат да се скараат, кога некои ќе загуби. Сакаат да победуваат. Имаше на времето далеку повеќе гости, сега се намали бројот на пензионери - додава Љубе.
Тој за сите овие 26 години, неговите гости велат, дека со никого не се скарал, со никого не се замерил, напротив со сите живее и сите имаат убави и топли зборови за него. Учествувал и на спортски игри на пензионерите а во Струга 1997-та освоил златна медалја во пикадо.
Работата беше лесна, немав потешкотии. Секој ден сум тука иако сум во пензија, тука ми остана душата - кажа за разделба Љубе.
Tweet |