Зоран Николов
Објавено: среда, 05 октомври 2005
Времето е предолго за оние кои чекаат, а прекратко за оние кои се сакаат! Ако некогаш планираш да ме оставиш, те молам остави ме на дождот да не плачам сама!!! Те сакам и затоа не појадувам, те сакам и затоа не ручам, те сакам и затоа не вечерам, гладна сум и затоа не спијам Кога бев мал, мајка ми ми рече дека ангелите живеат во рајот. Сега знам дека то не е вистина. Ако живеат во рајот зошто си ти на земјава? Кога ќе остарам, многу работи ќе се сменат.. косава, очиве, кожава, усниве, ама никогаш нема да се смени срцево мое што чука за ТЕБЕ! ТЕ САКАМ Смртта е предизвик. Ни вика да не го трошиме времето...Ни вика на нас да си кажеме во моментот дека се сакаме! Јас сум во болница. Не се секирај не е ништо страшно. Нешто со срцето. Те најдоа тебе во него.***************** Со допирот на љубовта секој станува поет... Ако ме изгубиш ти мене ќе те изгубам и јас тебе,но... Повеќе губиш ти него јас бидејќи мене ме сакаат повеќе како тебе а тебе никој како јас. Љубовта би била прекрасна кога луѓето искрено би се интересирале едни за други. Оној кој не знае да чека никогаш нема да сфати дека чекањето вреди љубов. Испред куќа кубик дрва ти си моја љубов прва “ “до зградава кофа говна ти си страсно јебозовна Со тивкиот шепот на усните ми преплива низ мислите и ги разбранува чувствата на мирното море кое бараше пристаниште за бродот на мојата душа... Се уловив себе си во сонарните пораки од твојата мрежа на љубовта од која не сакам да избегам, оти само со една насмевка успеа пак да ги проработиш моите сензори на срцето... Како да ти кажам дека те сонувам со отворени очи? Како со зборови да ти ја опишам најдлабоката тајна на моите чувства кои горат за еден допир на недопрените нежности твои? Ќе можам ли да зачекорам, а да не се изгубам во лавиринтот на твојата трепетна душа во која се влегува низ две очи ко сонца сјајни? Кога не те барам, не значи дека те заборавам, само ти давам време за повеќе да ме посакаш!!! Немој да ме сакаш многу, сакај ме малку но ЗАСЕКОГАШ!!! Ако некое утро се разбудиш во просторија со црвени ѕидови, во која шприца насекаде крв – не плаши се, се наогаш во моето СРЦЕ!!! Преку пруги иде воз јас те сакам скроз на скроз!!! Кога ќе умреш твоето срце ќе се распадне во илјадници звезди и секој човек што ќе погледне во небото ќе се заљуби во ноќта! Ова што го дознав никогаш нема да ти го простам! Еј не да сум лут абе не сакам никогаш да те видам! Ако не знаеш за што ти зборувам знај дека те заебавам и те САКАМ!!! Убаво е да знам дека постоиш во мојот живот, не е битно ни колку, ни од кога, ни зошто, убаво е да отворам очи и да знам дека си блиску! Ми требаш како на зората-сонцето, како на телото-срцето, како на сонцето-зракот, како на тишината-немирот, како на дождот-капките, како на плимата-осеката, како на вените-крвта, како ти мене. Немој никогаш да љубиш, може нема да сватиш, дека кога еднаш ќе засакаш, да знаеш дека ќе патиш. Заборавот на саканата личност е тежок, а љубовта е секогаш некоја тажна приказна. Кога ќе ја проциташ оваа порака, ти помисли на мене, како срцето ме стега. Откога тебе те знам, се ме потсеќа на тебе, твоето име во срцето ќе го носам, и додека живеам, тебе ќе те сакам. Ти си цел и исполнување на мојот живот. Ти си срце кое ме љуби, уво кое ме слуша. Ти си рака која ме држи и снага која ме зајакнува. Не знаеш колку звезди има на небото, не знаеш како ми е мене во зима, не знаеш колку некој те сака, ама знај дека е со тебе иако си далеку. Вечерва додека розата ја милува тревата, додека тивката ноќ сонува за денот, вечерва додека сите во рајот сонуваат, јас сонувам за твојата прегратка. Очите твои ме излудуваат, насмевката ми носи среќа. Знаеш ли дека никогаш нема да те заборавам? Не можам да ја заборавам онаа вечер, не можам да ги избришам сеќавањата, не можам да ти кажам((збогум)), кога се уште немам речено ((здраво)), кога се уште го немам запознаено твоето срце, кога се уште не ми го отвараш. Не можам да ти кажам дека е крај, кога се уште не е ни почеток. Да сум птица, би летала за тебе. Да сум куче, би трчала по тебе. Да сум риба, би отишла на копно за тебе. Зашто сум човек, единствено можам да те сакам. Ќе го научам ветерот да го изговара твоето име, цветовите да мирисаат на тебе, ќе го научам сонцето да милува како твојата дланка, звездите да сјаат како твоите очи. Тогаш ќе бидеш насекаде околу мене. Ако постои сјај, тоа е во твоите очи. Ако постои среќа, тоа е животот со тебе. Ако постои тага, тоа е животот без тебе. Ако некој е сакан, тоа си ти. Нездраво, несватливо, тотално, незамисливо, невозмозно, ненормално, лудо, волшебно, крајно, неодоливо, фамозно, искрено ТЕ САКАМ. Твоите усни се послатки од медот, моето срце гори додека те гледа, твоите очи поубави се од небото. Ти си она што ми треба! Ќе ти пуштам по ветрот бакнеж благ, да ти каже дека има некој драг во моето срце, а ти вдиши, за секогаш да остане тука, зашто јас сум тука И во добро И во зло. Посакувам илјада бакнежи да посеам по твоето тело. Ги посакувам твоите допири по мојата кожа. Посакувам да заспијам покрај тебе и да се разбудам кажувајќи ти нежно: ТЕ САКАМ! Две солзи протекуваат по мојот образ додека мислам на тебе и на името твое. Само тебе те сакам и тебе те сонувам, зашто ти си ми се што имам. Кога ќе го почувствуваш најтешкиот момент во животот, кога ќе изгубиш доверба во себе, сети се дека постои некој кој мисли на тебе. Поклони ми ги своите очи и нивниот топол сјај, поклони ми уште нешто: својата вечна прегратка. Поклони ми ги своите меки усни и двата топли збора: ТЕ САКАМ. Колку долго се барав себеси, во прегратката на светлоста и на мракот. Колку долго идам до тебе, а се потребни два чекора Секоја вечер те чекам и те барам во соништата. Ти не го слусаш гласот и песната што те повикува, не, не ми е страв кога ќе останам сам, зашто секогаш ќе остане страста што ќе лебди измеѓу нас. Само за тебе, утрово, пееја птиците. Само твоето име го изговараа рамнините. Само за тебе облаците пловат по небото. Само ТЕБЕ моето срце те повикува. Ќе направам се само кажи, прави што сакаш и живот барај. Земи ме носи ме, не прашувам каде, прави што сакаш, со тебе ќе одам секаде. 1000 солзи имаше во моите очи. 1000 желби кои животот никогаш не ми ги исполнил малку се пријателите кои ни требаат, а уште помалку љубови, како што си ти. Кажи ми што да направам и се ќе сторам, кажи ми што да бидам и ќе бидам за тебе. ТЕ САКАМ. Ако Франција е љубов, тогаш ти си Париз. Ми го одземаш здивот, за тебе лудувам. Ја сакам секоја твоја насмевка додека се будам. Ги сакам твоите усни тивко праќаат бакнежи во новиот ден. Ми го одземаш здивот, останувам без зборови. Води ме низ ноќниот сон, сокриј ме ко зрно во дланка. Сакај ме како никогаш. Биди мое сонце после облакот. Ти си мој живот, надеж и снага. Твојата рака ќе ја води мојата по сините пространства, ќе ги поминеме седумте мориња на сон и на јаве. Не сум ти солза во окото, а ти мене ми си. Не сум ти насмевка на лицето, а постојано се прашувам каде си. Залудно го пишувам ова, залудно ова срце пати, за тебе дишам и те сакам, свати. Кога врне дожд, кажуваат дека душите од мртвите доаѓаат да ги видат оние кои ги сакаат, кога мене еден ден веке ќе ме нема, таму каде што си ти дождот никогаш нема да престане да врне. Се уште мислам на тебе, се уште плавиот дим од цигарите на месечината го исцртува твојот лик, се уште си сама во одаите на моето срце. Ако одам на небо пред тебе, на секоја ѕвезда ќе го напишам твоето име, така што и ангелите да знаат како се викаш, зашто девојките како тебе се неповторливи. Ако некогаш некого имам сакано, чувано во срцето, сонувано секоја вечер, носено во мислите, говорено вистина, шепотено слатки зборови на уво, тогаш тоа си била ТИ. Многу ми недостигаш, ама сигурна сум дека знаеш, ти реков дека не те давам на никого, ќе ти кажам уште нешто - те обожавам. Ако некогаш се сретнеме, не ставај ја раката на лицето. Нема место да криеме зашто нашата љубов никој не може да ја убие. Ти си светлост во далечина, тивок звук во тишина, мое јаве и и мој сон секој ден и секоја ноќ ти си ми се јас не можам без тебе Се посилно чувствувам како ми струиш по телото и поминуваш низ душава оставајќи неизбришливи траги, кои со секое отчукување на срцево ме потсеќаат дека постојам само за тебе. Ти си солза во моето око, ти си живот кој го живеам, ти си она што постои за само да ти се восхитувам. Нема да плачам кога ќе заминеш со друг, нема да те молам да се вратиш, ќе бидам далеку кога ќе бидеш среќна и уште подалеку кога ќе почнеш да патиш. Те сакам, те сакам, а душата ми вене, зашто не сум сигурен дали и ти ме сакаш мене Ти си зрак кој го дишам, ти си сонце кое ме грее, ти си она што постои за моето лице да се смее. Зборувај кога патиш, зашто единствено тогаш зборовите вредат, а молчи кога си среќен и не покажувај му на оној кој пати, зашто тоа ќе го боли, а ти нема да знаеш.
Tweet |