Петар Печков
Објавено: сабота, 12 јануари 2013
Кровот од Спомен костурницата стана место каде се запишуват љубовните маки на младите од овој дел на Велес. Далеку од графити, без некоја инвентивност, со класичните те сакам, ме сакаш со спреј или црна боја се пишуваат љубовните јадови на младите.
И покрај чуварската служба која ја има таму, авторите успеале да најдат место и време каде ќе ги зебележат своите чувства. Чудно е како успеала и на кровот, каде површината е нерамна и лоша да се искачат и запишат, не стравувајќи по својата безбедност, да паднат од високо. Како и да е, сега Спомен Костурницата, нејзиниот кров стана „уметничка инсталација“ за незрелите пубертетлии.
Tweet |