Петар Печков
Објавено: вторник, 16 ноември 2010
Останувам во театарскиот фестивал ,,Стоби,, порача актерот Зоран Љутков откако беше назначен за уметнички раководител на Драмски театар – Скопје. Тој на ова место дојде наместо Дејан Лилиќ кој минатата недела доби нова функција - директор на Македонскиот народен театар.
Ќе останам да раководам со Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, и следната година. Чувствувам дека можам да одговорам на предизвикот и на двете места. Планирам новините кои ги воведов да ги продолжам – изјави Љутков за ТРМР. Тој оваа година со отворање кон еден нов репертоар ја надополни програмата на Стоби, бидејќи фестивалот започна да се врти во круг поради малиот број антички текстови.
Зоран Љутков (Велес, 1977) дипломирал на Факултетот за драмски уметности–Скопје во 2001 година во класата на проф. Владимир Милчин. Во Драмски театар - Скопје е вработен како актер од 2006 година. Учествувал на неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ- проекти.
Tweet |