речник контакт

Ќе поскапе ли водата во Велес

ЈВП Лисиче побарало зголемување на цената на водата, која му ја испорачува на ЈКП Дервен

Петар Печков

Оваа информација беше објавено на петочната седница на Советот на општина Велес. Досегашната цена од 2,39 денари за литар, ЈВП Лисиче побарало да се зголеми на 4,3 денари за литар. Ова би било етапно до средината на следната година.

Причина за повисоката цена  е методологијата за пресметка  на испорачаната вода, но и обврските за враќањето на кредитите кои беа земени за завршување на Хидросистемот Лисиче.

Од ЈКП Дервен велат дека тие заедно со надлежните од општина Велес преговараат за задржување на постојната цена.При што како аргумент го имаат изградениот цевковод со пари од граѓаните, чија вреднсто е 12 милиони евра. Како ова ќе заврши е неизвесно.

Кога ЈКП Дервен во 2000-тата  подигна кредит кај ЕБОР банката, за кој гарант е Општина Велес,  се обврза дека водата ќе може  да се покачи во четири наврати. Трите покачувања се реализирани, со тоа  што постoи  можнсот за уште последното,  кое може да биде  во висина до 20 осто од постојната цена на водата за пиење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »