речник контакт

Ќе се асфалтираат улиците во индустриската зона Караслари

Проект на Вардарски Плански регион

Петар Печков

Три нови проекти на Вардарски Плански регион, вредни 24 милиони денари, ќе се реализираат во наредните месеци.   Тие се предвидени за три општини, Велес, Росоман и Неготино и сите се од инфраструктурата.   Во општина  Велес е предвидено да се асфалтираат улиците во индустриската зона Караслари

Со овој проект е предвидено да се асфалтираат улиците во индустриската зона Караслари и веќе оваа недела ќе се распишат тендерите за извршување на работите. Освен  сопствениците  на парцелите од зоната, овој пат ќе биде користен и од локалното население кои имаат свој имот во близина - изјави   Марко Колев раководител на Вардарскиот Плански регион.

Потоа локалната власт ќе изврши осветлување на овој простор. Со останатите два проекти се предвидува да се асфалтираат улици и уредат троатоари во Росоман за што се планирани 6,35 мил. денари и   пробивање, тампонирање и асфалтирање на три улици во Неготино за што се предвидени  5,68 мил. денари. Истите се финасирани од Бирото за регионален развој.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »