речник контакт

Ќе се гради мост во Богомила и пат за Прилеп

Два горливи проблеми за жителите на Азот наскоро ќе бидат решени

Петар Печков

Историскиот Ѕидан мост во Богомила, конечно ќе биде сочуван  бидејќи наскоро ќе започне да се гради нов во населбата. Со години жителите реагираа, но без ефект за конечно годинава да се    изготви документацијата и од наредната ќе започне неговата изградба.   Мештаните бараа да се заштити мостот оти преку него транспортираа возила кои превезуваа дрвна маса и камен од околните каменоломи и со нивната тежина го уништуваа.     

Преку Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта обезбеди се средства и наскоро, следната година ќе започне изградбата на мост во Богомила. Останува потоа да се изврши заштита на стариот Ѕидан мост кој има историско значење - кажа градоначалникот Горан Стојановски.  

Тој најави дека во периодот до 2020-та ќе биде решен уште еден проблем за жителите на Азот, тоа дека ќе се гради пат преку планината за жителите да имаат можност да стигната до Прилеп и Пелагонија и таму даги  продаваат нивните производи.

Реонот на Азот е слепо црево, селата Согле, Богомила и Теово мораат да стигнат до Прилеп да патуваат преку Велес и Кавадарци. Со поддршка до Владата  регионалниот пат од Богомила преку Гостиражни до Прилеп во должина од 10,8 км. во следните  две години ќе се асфалтира. Тоа ќе има економски бенефит за Азот - објасни Стојановски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »