Петар Печков
Објавено: петок, 31 март 2023
Жителите и минувачите на ул. Караорман, над поранешно Радио Велес кон Теќе изминатите неколку дена доживеаја физички напади од едно исто лице. Тие стравуваат по нивната безбедност , но и безбедност на нивните блиски. Последниот се случил вчера
„Вчера вечера јас и мојата малолетна ќерка бевме нападнати од психички растроена личност. Истиот пред три дена нападна комшии и нив ги повреди. Ова лице е опасност по сите нас. Апелирам до сите институции да преземат некаква мерка за лицево да се згрижи. Синоќа бегав со детето и се сокрив ко една коа која беше таму. Барам помош од полиција, обвинителство, напаѓачот да биде сместен некаде. Дали треба да има жртви па да се реагира„“ вели Даниела Атанасова.
На поставеното прашање за овој случај од велешката полиција го потврдија и одговорија:
„На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ш.(56 год) од Велес. Тој на 30.03.2023 година околу 19 ч. на ул.„Крушевска“ во Велес упатил закани кон Д.А.(43 год) од Велес и нејзината малолетна ќерка. Претходно, на 26.03.2023 во 16.30 часот пријавениот на ул.„Караорман“ во Велес физички ги нападнал М.М.(25) и неговата сопруга, двајцата од Велес, а потоа и мајката на неговата сопруг“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, додаваат од полицијата.
За потсетување на јавноста вакви проблеми изминатите години имаше два во Велес и двата во комплес УЗУС.
Првата беше кога сосетка фрлале покуќнина од прозорец по минувачите а втората е кога друга сосетка удираше со чекан по вратите без причина и повод, во сите делови од денот. И двете жени по објавувањето на настаните на ТрМр беа згрижени во надлежна институција.
Tweet |