речник контакт

Ќе се одбележат 40 години од Сојузната работна акција „Титов Велес 1986“

За празничниот викнед за 11 октовмри, доаѓаат 14 бригади, здруженија на акцијаши од повеќе поранешни југословенски републики, ќе засадуваат садници кај рекреативниот центар Дворови

Петар Печков

Од 9 до 11 октомври во Велес ќе се одбележат четири децении од  Сојузната работна младинска акција „Титов Велес 1986“. По тој повод во градот ќе се соберат дел од некогашните акцијаши, кои тогаш беа во пошумување на градот, како и некои нови акцијаши наследници на поранешните здруженија. Настанот го организира Здружението „Акцијаши ветерани“ од Велес. 

„Имаме покането 13 здруженија акцијаши,  гости од републиките на поранешна Југославија, од Македонија и од Велес. Ќе учествуваат 170 поранешни бригадири, гости. Тие ќе бидат сместени во Средношколскиот дом Лазар Лазаревски, доаѓаат петок попладне и вечер.  Сабота е ударниот работниот дел, претпладне кога на просторот околу рекреативниот центар Дворови ќе се засадат 40 садници дрва, кои ги обезбеди Општина Велес.  Вечерта е дружење и доделување на признанија“ – кажа Љупчо  Лазевски, поранешен акцијаш одговорен за односи за јавноста во Здружението.   

Акцијата  во 1986 година траеше два месеци, со по пет бригади и една од Германија од Фрајбург, со  28 млади и деца на југословенски работници кои таму живееле и работеле, но и 11 млади германци кои сакале да го пробаат акцијаштвото. 

Летото 1986  акцијашите на  СМРА „Титво Велес“ рабоеле на засадување на садници по околните голи ридишта, кај езеро. Следната година не била сојузна акцијата но се одржала и тогаш се работело на инфраструктурни работи во Велес, водовод, канализација. А почетокот е 1985 кога била локална и се работело на уредување на долниот тек на  реката Бабуна за рекреативен центар.

фото архива Љупчо Лазевски

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »