речник контакт

Ќе се проверува останатото производство на свежи пиперки на одгледувачот, чиј род беше запрен на Хрватска граница поради присуство на пестицид форметанат

Потребно расчистување на дилемата, што и колку од примарното производство на свежа пиперка, кај одгледувачот чиј род беше сопрен на хрватска граница, поради присуство на форметанат, е безбедно како храна

Петар Печков

По добивањето на информацијата, кој е одгледувач на пиперките  извоз од Македонија, а кои Хрватската царина на нивната граница ги сопрела, оти било констатирано дека има резидуи од пестициди, ќе се започне со контрола на останатото производство, дали и тоа е безбедна храна.

Ова е одговорот од Државниот инспекторат за земјоделие (ДИЗ), откако во средата европскиот систем за брзо предупредување во прометот на храна објави дека забранет токсичен пестицид е откриен во зеленчук- свежи пиперки  увезени во Хрватска од Македонија.

„Веднаш по добивањето на официјалното Известување од надлежните органи во кое ќе бидат содржани точните податоци во однос на пратката,  Државниот инспекторат за земјоделство преку надлежните државните фитосанитарни инспектори ќе спроведе вонредни инспекциски надзори во фирмата увозник со цел да се утврдат  производителите на пиперките од горенаведената пратка. Потоа, согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за фитофармација ќе се спроведат надзори кај наведените производители во однос на правилна употреба на фитофармацевтски производи“- соопштија од  ДИЗ.

Ова е потребно заради расчистување на дилемата, што и колку од примарното производство на свежа пиперка, кај одгледувачот чиј род е сопрен на хрватска граница, поради присуство на форметанат, е безбедно како храна.Оти извезеното количество  е дел од производство, кое треба да биде проверено.

Претходно Агенцијата за храна информираше  дека доколку пратката со небезбедните производи се врати во земјава, таа ќе биде уништена.

„При спроведена гранична контрола земениот примерок за лабораториска анализа покажал отстапување во однос на присуство на резидуи од пестициди. Добиениот резултат покажал присуство на остатоци од пестицидот форметанат и вредност која претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето. АХВ ќе издаде налог за нејзино нештетно уништување кое ќе се реализира под надзор на инспекциските служби на Агенцијата“- соопштија од Агенцијата.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »