Петар Печков
Објавено: четврток, 23 јули 2015
Заедно со градежните работи на изведба на кружниот тек, ќе се врши и реконструкција на фонтаната во населба. До ова доаѓа, откако надлежните констатирале дека фонтатата има одредени технички пропусти, поради коии е неопходно таа да се обнови целосно. И така подолго време таа беше повеќе празна, отколку во функција.
Водата од фонтаната продираше и се јавуваше во подрумите и ниските катови од блиската зграда. Таму имаме сериозен и голем дефект, има неквалитетни елементи. Започнуваме и нејзина реконструкција која ќе заврши заедно со изградбата на кружниот тек - најави градоанчалникот Чадиев.
Со изградбата на кружниот тек, ќе се реши и проблемот со такси стојалиштата кои беа пред Железничатка зграда и пред фонтаната. Чадиев најави дека тие веќе нема да постојат а простор за таксистите ќе сес обебзедат на улицата Благој Ѓорев по должина на улицата.
Tweet |