Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 јули 2018
Фудбалската Федерација на Македонија со 15 илјади евра ќе помага во подобрувањето на фудбалската инфраструктура во Општина Велес. Ќе се обновуваат стадионите во населба Превалец и Башино село и помошното игралиште во Градскиот парк. За секое од нив одвоени се по пет илјади евра.
Помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк ќе се носи техничка вода и ќе се уреди теренот. За двата терени во Превалец и Башино село ќе одлучат клубовите кои таму настапуваат - рече Златко Гуцев директор на ЈП парк спорт.
Градоначалникот Коцевски потсети дека ФФМ веќе одобрила поставување на нови 1,5 илјади пластични седишта на Градскиот стадион. За таа цел во тек бил јавен повик за избор на градежна фирма која ќе работи на поставување на столиците, но и за уредување на природните извори кои се позади трибините на стадионот.
Tweet |