Петар Печков
Објавено: вторник, 22 септември 2020
На вчерашната седница на Советот на Општина Велес, 61-ва по ред, беше избрана нов претседател. Со мнозинство гласови од присутните избран е Ќирил Гајдов од НСДП а за него гласале 13 советника, седум биле против. Изборот е за остатокот на мандатот.
Гајдов е дипломиран правник и сопственик на приватна фирма.
Неговиот избор доаѓа по извршената верификација на мандатот за пратеник на претходниот претседател Ненад Коциќ.
Во овој мандат на претседателската позиција ова е трет претседател на Советот, пред Коциќ беше Душко Петров.
Гајдов е со втор мандат како член на Советот на Oпштина Велес.
ВМРО-ДПМНЕ како нивен кандидат го предложиле Петре Саздов.
Tweet |