Петар Печков
Објавено: вторник, 18 октомври 2022
Зголемениот откуп на сончоглед и неговата преработка, создадоа проблем во работата на велешка Маслодајна. Тие не можат да најдат пласман за ќоспето -нус производ од преработката на сончогледот. За него нема купувачи во земјава.
„Нема заинтересирани кои сакат да го купат ќоспето. Тоа е сточна храна, но за жал во Македонија е многу намален сточниот фонд и сточарите кои претходните години го откупуваа, не сакат да го купуваат како храна, оти немаат стока. Така беше и лани, еве така е и годинава. Лани го продадовме за далеку пониска цена во Грција, годинава се е отворено и неизвесно. Пласман засега нема“ - вели Горан Лазов, директор на велешка Маслодајна, единствен преработувач на сончогледот во масло за јадење, во земјава.
Годинава се очекува откуп на 10-11 илјади тони сончоглед, највисок род последните десетина години. Лани за споредба беа откупени 4 илјади тони. Досега Маслодајна откупила 8.500 тони.
Ќоспето се добива од лушпата на сончогледот при негова индустриска преработка во маслодајната индустрија, богато е со белковини и служи за храна на стоката.
Tweet |