речник контакт

Ќумбев тренира на минус 20

Неверојатни студови и поларна зима го испрати македонскиот фудбалски интернационалец Панче Ќумбев, кој е член на полскиот прволигаш Гроцлин.

Никола Солев

Неверојатни студови и поларна зима го испрати македонскиот фудбалски интернационалец Панче Ќумбев, кој е член на полскиот прволигаш Гроцлин. Деновиве речиси цела Северна Европа ја зафатија снежни врнежи и поларни студови, а во Полска иако времето е ужасно ладно, фудбалерите тренираат и на минус 20. - Неверојатно како е надвор времето. Не можеше да одиш и да се движиш. Се е замрзнато. Температурата е минус 20. Ако застанеш - веднаш смрзнуваш - вели Ќумбев. Поради елементарната непогода, тренинзите на неговиот клуб Гроцлин се одржуваат на затворено. - Тренираме во сала зашто надвор е ужас. Едвај чекам да минат уште овие пет-шест дена, па да заминеме за Анталија. Таму барем ќе си ја стоплам душата - вели репрезентативецот. Минатата сезона Гроцлин беше хит на првенството во Полска, но сезонава екипата не е на исто ниво. - Многу малери не затекоа. Многу играчи се повредија, па затоа и на екипата не и оди баш најдобро. Ама сега се консолидиравме, и мислам дека ќе биде подобро - вели Ѓумбев, кој, по урнекот на Ѓорѓи Христов во родниот Велес отвори фудбалска школа „Гемиџии“. Во екипата на Ќумбев е уште еден македонски репрезентативец, бранителот Владе Лазаревски, а постои можност во таа земја да остане и Борче Маневски, кој е на проба во Гурник Лежна. З.К. Извор: [url=www.vreme.com.mk]http://www.vreme.com.mk[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »