Петар Печков
Објавено: вторник, 24 декември 2013
Во салата Бели Мугри во Велес се случи концерт на џез музика, вистинска реткост во градот. Настапи Иван Иванов квартет од Велес, во состав Иван Иванов- тенор Саксофон, Васил Хаџиманов- клавир, Кирил Туфекчиевски- контрабас Предраг Милутиновиќ- тапани. Ова е нов проект за развој на овој жанр музика во Македонија, подржан од Министерство за Култура
Со Кирил веќе работиме долго време заедно и заедничка беше идејата за овој проект, со Васил и Пеџа ни е прв пат. Со Васил имавме заедно свирено на почетокот на оваа година, и уште тогаш договоривме имаме уште некоја свирка. Пеџа Милутиновиќ тапанарот, е веќе член на Васил Хаџиманов Бенд, така најдобра опција е тие двајцата да свират заедно. Музиката е напишана специјално за овој состав и наликува на денешната џез сцена, како што насекаде во светот младите џез музичари творат. Поточно најмногу влече кон Њујоршката џез сцена. Пред се ова лично за мене, е добра забава за нас за музичарите. Секако нема да заработиме илјадници евра и да продадеме десет илјади влезници, џезот не е популарна музика и во денешно време тешко се продава – вели Иван Иванов велешанец и творецот на овој проект.
Тој со музика започнал во основното музичко школо во Велес, па средна во Штип, и продолжил натаму со музичко образование во Австрија на Џез Академија. Магистрирал џез студии во Австрија и во Париз. Во текот на студирањето има учествувано во многу проекти, како џез така и во други жанрови на музика поп, класика, свирел со многу оркестри, мјузикли и во Биг Бендови.
Иванов моментално работи на Музичката Академија во Скопје како доцент на отсекот популарни жанрови и е член на ново отворениот Биг Бенд на МТВ. Очекува дека во овој состав ќе имаат уште некоја свирка, на сцените низ Македонија.
Tweet |