Петар Печков
Објавено: среда, 19 јули 2023
Понеделникот вечерта во периодот од 20,30 до 22ч. корисниците на А1 мрежата останаа без услуги. Во прекин беа мобилната телефонија, интернет, телевизијата и фиксната.
На поставеното прашање од ТрМр, до А1,за причините и можноста да се надмине проблемот, кога за неколку илјади корисници од велешко, не можеа да избираат телефонски броеви за итни случаи, од А1 со општ одговор без многу детали за вака сериозен дефект и состојба.
„Би сакале да Ве известиме дека на 17.07.2023 година дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Велес. Имаше времен прекин на услугите за интернет и мобилна телефонија. По интервенирање на професионалните екипи, проблемот беше успешно отстранет и услугите беа вратени во функција“ - соопштија од компанијата.
Се извинија на корисниците, кои не помнат вака долго исклучување, компанијата изрази благодарност на разбирањето.
Tweet |