речник контакт

АД Благој Ѓорев ги продава нефункционалните објекти

Ќе се продаваат по пат на јавна продажба или непосредна спогодба

Петар Печков

Велешка Маслодајна продава дел од имотот. Така решило Собранието на Акционери на Прехрамбената индустрија  АД Благој Ѓорев.

Друштвото преку Македонската Берза соопштило дека  е одобрена продажбата на градежно деловни нефункционални објекти, сопственост на Маслодајна. Тука спаѓаат Стоковната куќа 26 јули во Скопје,  магацин во село  Логоварди-битолско,  продавница во Битола, продавница во  Куманово, магацин  во Кичево.

Објектите ќе се продаваат по пат на јавна продажба или со  непосредна спогодба, според  пазарни цени кои  се најповолни, пишува во одлуката. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »